Македонија
8. September 2025 - 19:53
Голема НАТО вежба во Бугарија
Голема НАТО вежба во базата близу Монтана во Бугарија со коja во пракса се тестираат способностите на спасувачките тимови да реагираат при поплави и земјотреси.
Вежбатa ја следеа заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, како и бугарскиот министер за внатрешни работи. Надлежните испратија порала дека токму ваквите вежби во кои учество земаат 40 земји ја јакнат соработката меѓу државите и ја покажуваат солидарноста на дело.
Овде во базата во Монтана е присутен и тим од Македонија. Станува збор за 30 лица кои секојдневно учествуваат во спасувачки мисии.
Оваа вежба е 20. по ред, а последна ваква се одржа во Охрид и Струга во 2021 година.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->