Македонија
2. April 2026 - 10:15

Голема полициска акција на МВР за детска порнографија, претреси во повеќе градови

Секторот за компјутерски криминал при БЈБ во рамки на Министерството за внатрешни работи, заедно со одделенијата во СВР Битола, Охрид и Струмица, реализира заедничка акција на територијата на државата.

Во текот на акцијата се вршат претреси на седум локации со цел да се обезбедат докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ согласно член 193-а од Кривичниот законик. Притоа се одземаат компјутерска опрема и податоци кои ќе се користат во понатамошната постапка.

За едно од лицата опфатени со претресите, Б.К. од Струга, постојат информации дека е претседател на бугарско здружение во Македонија и водител на подкаст со студио во Скопје.