Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола

Големиот пожар кој избувна денеска околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча.
Во гаснењето на пожарот покрај струмичките пожарникари учествуваа и пожарниари од околните градови, а во гаснењето се вклучи и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Според последната изјава на градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, нема поголеми материјални штети, иако огнените јазици во еден момент навлегоа во дворовите на куќите и викендичките во месноста Софилар.
Во гаснењето на пожарот беше вклучена и механизација на ЈПКД „Комуналец“ и на други компании кои работеа на ископување на против пожарни пречки.
МИА
Ново на Сител
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
