Големите собири без протоколи ќе ја влошат епидемиолошката состојба
Зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19 регистрира Институтот за јавно здравје. Минатата недела регистрирани се 2800 случаи што е за речиси 4 отсто повеќе од претходните 7 дена. Најголем пораст на инфицирани има кај младите од 20 до 29 години.
Во меѓувреме прославите, изборната кампања, забавите во затворено...се очекува уште повеќе да ја влошат епоидемиолошката состојба, смета доктор Злате Мехмедовиќ. Според него уште во текот на овој месец и во државата може да се преслика она што се случува во Србија, Хрватска, Словенија каде има драстичен пораст на бројките иако имаат повеќе вакцинирани од кај нас.
-Прашање на време е кога ќе се пренерсе тоа кај нас, а во насока на влошување одат оние собирања во затворен простор, имаше еден крупен епидемиолошки настан кој може да влијае на влошување на бројките тоа се локалните избори, изјави Д-р Злате Мехмедовиќ, докторант по јавно здравје.
Доктор Мехмедовиќ апелираше до здравствените власти да направат целосен скрининг и ако не е подготвен системот да издржи голем наплив на пациенти, неопходно е враќање на превентивните мерки.
-На пример во Словенија имаше влошување на состојбата и двојно повеќе заболени за само 24 часа. И ако здравствениот систем не е подготвен да испорача здарвствени капацитети, би требало да има пропмена на мерките за да се ублажи иницијалниот удар на овој зимски бран од Делта сојот, смета доктор Мехмедовиќ.
Инаку последниот извешат на ИЈЗ покажува дека минатата недела во земјава регистрирани се и 38 реинфекции, што е за 5 прпоценти повеќе од претходната седмица.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
