Горат градските депонии на истокот од земјата
Горат градските депонии на истокот од земјата. Виничката, кочанската, а сега и штипската депонија „Трештена скала“ на мета на намерни потпалувачи. Црн дим и неподнослива реа се шири во околината на градот. Истурено е моторно масло, искршен е видео надзорот, па поради тоа непознат е сторителот кој го подметнал пожарот.
-Контролите кои што се прават од наша страна на секој час, според насоките од инспекциските надзори се уредни, депонијата е исчистена и изминатите денови немаше никакви проблеми со градската депонија. Овој случај ќе биде пријавен до надлежните служби, бидејќи ова намерно потпалување на градската депонија се случува повеќе пати, со што се доведува во опасност и функционирањето на претпријатието и здравјето на граѓаните – изјави Трајче Здравков, директор на ЈП „Исар“ Штип.
Аерозагадувањето, како последица на пожарите предизвикани на депониите е поголемо отколку во зимските месеци. На штипската територијална единица и беа потребни неколку часа со три возила и осум пожарникари да се справи со огнената стихија.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар