Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
Пожар попладнево избувна на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ), Благој Ренџов изјави дека на терен се веќе 12 пожарникари со четири противпожарни возила.
-Гори висока сува трева, ниско стеблести растенија, даб и смрека. Теренот е непристапен, а огнот има зафатено голема површина. Штотуку побараме помош од Дирекцијата за заштита и спасување да помогнат со гаснење на пожарот од воздух, вели Ренџов.
Тој посочува дека пожарот е на два километри од селото Селце, но добро е што огнот не оди кон првите куќи во селото, туку се движи кон врвот на планината. Ренџов вели дека екипите се на терен и во текот на ноќта ќе имаат дежурство. Овој дел од планината Серта секоја година гори, а пожарникарите се справуваат со огнените стихии и ги бранат куќите на овие села од огнените јазици.
МИА
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа