Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за 1,5 денар - одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62 отсто.
Новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 93 денари за литар, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 95, а „евродизелот БС (Д-Е V)“ 101,5 денар за литар. Со одлуката на РКЕ за два денари за литар се зголемува малопродажната цена на екстра-лесното масло за горење (ЕЛ-1) и ќе чини 100,5 денари, а „мазутот М-1 НС“ поскапува за 1,850 денар за килограм и ќе се продава за 45,576 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,795 отсто, кај дизелот за 4,842, кај екстра-лесното масло за 3,958 и кај „мазутот“ за 6,467 отсто. Курсот на денарот, пак, во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5340 отсто.
Ново на Сител
-

Европа бара свои суровини, Македонија се уште чека на нови рударски инвестиции
-

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени
-

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
