Македонија
20. December 2025 - 16:37

Гостите од соседството најбројни

Гостите од регионот од Бугарија, Србија, Црна Гора, Грција и Албанија најбројни за новогодишните празници но нема да изостанат ни домашните ни оние од подалечните земји.

Хотелиерите задоволни од исполнетоста велат одамна не се случило дел од капацитетите да бидат скоро целосно распродадени пред крајот на ноември.

Со цел да се привлечат што повеќе посетители за новогодишните празници туристичките работници воведуваат новини во нивната понуда.

Градот блеска во новогодишно руво со исполнети ресторани и хотели каде во полн ек се предновогодишните прослави на фирмите во очекување на туристите за најлудата ноќ во годината.