Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина

Италијанскиот град Ливорно воведе ново правило со кое луѓето кои ги шетаат кучињата се обврзани со себе да носат вода и да ја исчистат урината откако кучето ќе се измокри на јавна површина.
Правилото се однесува на тротоари, влезови на згради, клупи и други јавни површини. Дополнително, не е дозволено кучето да мокри директно до влезови на домови, продавници, канцеларии и излози.
За непочитување на правилото се предвидени казни од 25 до 500 евра.
Обврската не важи само за сопствениците, туку и за лицата кои го шетаат или привремено се грижат за кучето.
Мерката е воведена поради проблемите со хигиената и непријатните мириси во јавните простори, особено во периодите со високи температури. Правилото засега е воведено како привремена мерка, со можност да стане дел од градскиот правилник.
Ново на Сител
-

Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов
-

Десетта жртва со западно-нилска треска во земјата
-

Фемицидот не е изолирано убиство, институциите мора навреме да го препознаат
-

Институциите го пробиваат рокот за одговор за слободен пристап до информации
-

Преглед на вестите од светот
-

Околу 6% живеат во повеќедимензионална сиромаштија
-

Клековски: Недостигот на медицински кадар глобален проблем
-

Младите од Балканот: Парите повеќе не се мотив за иселувањето, туку корупцијата и нефункционалните системи
