-->
-->
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка
-->

– Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка, соопшти денеска на прес конференција српскиот премиер Милош Вучевиќ кој информира дека донел одлука да поднесе оставка од функцијата.
Вучевиќ рече дека тој и Ѓуриќ се чувствуваат одговорни за синоќешниот инцидент во Нови Сад кога студенти кои го блокираа Филозофскиот факултет соопштија дека биле нападнати при што неколкумина од нив се повредени.
– Синоќа околу три часот физички беа нападнати студенти во Нови Сад.
Една девојка е сериозно повредена, моментално се наоѓа во Клиничкиот центар на Војводина, вилицата е изместена и има повреди по целото тело, има уште неколку ученици со полесни повреди, се вели во соопштението на студентите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
-

Најстудено во Скопје, Битола и Берово, измерени - 6 степени
-

СДСМ денеска го бира новото раководство
-

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП
-

ДЗР одбележува 26 години работа како независна ревизорска институција
-

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба поради ризик од зголемен обем за влез и транзитирање на мигранти на Комисијата за одбрана
-

Албанезе: Нападот на плажата Бонди е поттикнат од „идеологијата на Исламска држава“
-

Свечена академија за 105 години Филозофски факултет
