Градоначалникот на Тирана, Велиај, останува во притвор, одбиено барањето за поблага мерка и понудената кауција

Специјалниот Апелациски суд против корупција и организиран криминал, денеска ја потврди мерката „затворски притвор“ за градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.
Тој се жалеше на безбедносната мерка, барајќи нејзино ублажување, нудејќи и финансиски гаранции.Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Врховниот суд во рок од 45 дена од денот на нејзиното објавување.
Велиај (46), кој не присуствуваше на расправата, беше уапсен на 10 февруари, од кога е и во притвор, по истрагите на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), под основани сомненија за корупција, перење пари и лажно пријавување имот.
Тој беше градоначалник на Тирана од 2015 година, а претходно беше министер за труд и социјална политика, како и пратеник во Собранието.
Ново на Сител
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
