Граѓаните на 3 пунктови потпишуваат нови договори за парно, Скопје-Север предупреди дека за 3 дена ќе снема парно
Граѓаните почнаа да ги обновуваат договорите за парно греење со ЕСМ. На пунктот во во Тафталиџе до 13 часот нов договор склучиле повеќе од 60 корисници. Сопствениците на стан треба да дојдат лично со последната сметка и документ за идентификација. Граѓаните велат поскапувањето од ланската сезона е за околу 800 денари.
Новиот снадбувач во следниот период ќе воспостави сопствен систем за плаќање онлајн. Пунктовите во Тафталиџе, Центар и Аеродром ќе бидат отворени од 9 до 18 часот и ќе работат во сабота до 13и30. Од ЕСМ велат доколку корисниците не успеат до крај на октомври да потпишат договор,ќе бидат контактирани а на лица кои се неподвижни ќе им биде испратена екипа на домашна адреса. Греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена, Велат од ЕСМ.
Во меѓувреме Топлана Скопје Север бара помош од владата, пари имаат само за уште неколку дена да испорачаат топлинска енергија за 500 домаќинства и уште 15 здрвствени установи, училишта, градинки. Се обратиле и до ЕСМ, но наместо помош добиле опомена дека се должници кон ЕСМ.
За два дена откако почна грејната сезона, пријавени се над 600 дефекти, според ЕСМ најмногу од нив се однесуваат н аистекување од внатрешни инсталации.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
