Македонија
26. December 2021 - 20:30

Граѓаните од Струмица повторно излегоа на протест против актуелните ковид мерки

Граѓаните од Струмица кои не ги поддржуваат актуелните ковид мерки повторно излегоа на протест. Со патнички возила и вклучени сирени низ повеќе улици на градот направија протестен караван и побараа укинување на мерките. Сметаат дека  тие се дискриминирачки и треба да бидат право на избор на секој граѓанин , а не обврска.

Како група на граѓани протестираме против мерките кои што се наметнати од Владата во врска со справувањето со здравствената ситуација во земјата. Протестираме можеби 20-ти пат и тоа во форма на каравани, но и со маршеви низ улиците на градот. Нагласуваме дека ќе протестираме се до укинувањето на мерките кои се наметнати од владата и за кои сметаме дека се дискриминаторски, рече Лидија Панова.

Според граѓаните кои протестираат, со постоечките владини мерки за заштита од корона вирусот се кршат повеќе човекови права. Токму затоа тие најавуваат дека Освен со протести, ќе делуваат и преку други облици како што се трибини и едукативни работилници преку кои ќе ги едуцираат граѓаните за нивните права и слободи.