Македонија
31. May 2022 - 12:27

Граѓаните загрижени пред најавениот нов бран поскапувања

Штипјани наместо три пати, ќе јадат еднаш дневно. Така велат, ќе се справат со новите цени од утре на основните прехрамбени продукти, лебот, млекото, маслото за јадење, шеќерот и месото.

-Ако треба да јадеме 3 пати, ќе јадеме еднаш. Како можеме ние со 15 000 или 12 000 денари пензија да излеземе на крај? Никако. Можеш ли на гладен човек да му го земеш лебот? Тоа е трагедија - анкета штипјанец.

Со актуелните минимални примања, било плати или пензии и досега се крпеше од 1-ви до 1-ви, а со најавените нови поскапувања, односно, одмрзнување на цените, повеќето ќе се најдат на работ на егзистенција.

-Се е скапо, а 12 000 денари пензија земам и како да го поминам месецот. Лекарства, а струја, вода, дрва, парно, тешко. Лошо е, што да кажам, нема живот.

-Јас не знам што мислат да прават со луѓето тие што сме ги бирале, да преземат мерки и за нас сирoмашните, а не само, тие што имат, имат, а тие што немат и пак ќе си немат. Тоа не е убаво - анкета штипјанки.

Лошата економска состојба доведе до егзодус на младите од Истокот, но веќе и постарите бараат начин како да заминат.

-Тоа е веќе страшна работа. Не младите и ние старите да има каде, ќе одиме, анкета штипјанка.

Инфлација има и во останатите европски земји, но кај нас многу повеќе се чувствува, поради се поплиткиот џеб на македонските граѓани.