Македонија
20. јуни 2026 - 14:27

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци

На 19.06.2026 во 09:00 часот во Полициско одделение Новаци, од Комунална хигиена во Општина Новаци е пријавено дека во селото, додека извршувале работни задачи, била пронајдена неексплодирана граната.

Од Дирекцијата за заштита и спасување, граната е безбедно подигната, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната 75мм од Прва Светска Војна, информира денеска МВР во полицискиот билтен.