Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години

Грчкиот парламент одобри закон со кој ќе се забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години од 1 јануари 2027 година, јави ЕРТ.
Законот, поднесен од грчкиот државен министер Акис Скерцос, беше усвоен со мнозинство гласови во пленарната сала на парламентот по дебатите што траеја повеќе од 16 часа.
Новите одредби бараат од платформите на социјалните медиуми да имплементираат механизми за проверка на возраста на корисниците за да се осигура дека децата под 15 години немаат пристап до услугите опфатени со ограничувањето.
Проверката мора да биде сигурна и да се спроведува во согласност со барањата за заштита на личните податоци, според новите барања.
Грчките апликации развиени и одржувани од грчкото Министерство за дигитално управување – Kids Wallet и Gov.gr Wallet, како и други технолошки решенија што се во согласност со националното и европското законодавство, може да се користат за утврдување на возраста.
Според системот презентиран од грчката влада, верификацијата може да се изврши со потврдување дали корисникот е над или под одредена возрасна граница, без да се открие неговиот точен датум на раѓање или дополнителни лични податоци.
Новата грчка регулатива се воведува во услови на дискусии во Европската унија за пошироки мерки за заштита на малолетниците на интернет.
Европскиот предлог „Закон за деца на ЕУ“ предвидува правила не само за социјалните мрежи, туку и за платформите за споделување видеа, онлајн игрите, продавниците за апликации и одредени услуги за вештачка интелигенција.
Примената на новите ограничувања во Грција е предвидено да почне на 1 јануари 2027 година.
МИА
Ново на Сител
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
