Грчкиот противвоздушен систем „Патриот“ успешно соборил непријателски беспилотни летала во Саудиска Арабија

Три ракети истрелал грчкиот противвоздушен систем „Патриот“ во Саудиска Арабија во текот на ноќта, интервенирајќи против одреден број непријателски беспилотни летала, успешно соборувајќи ги целите, јави дописничката на МИА од Атина.
Системот „Патриот“ на грчките сили од 2021 година е во Саудиска Арабија во рамките на нивното учество во меѓународната иницијатива „Integrated Air Missile Defense (IAMD) Concept“ за поддршка на противвоздушната одбрана на Кралството Саудиска Арабија,
Според грчки воени извори, кусо по полноќ грчкиот противвоздушен систем „се вклучи во дејство против одреден број непријателски беспилотни летала (UAVs), истрелувајќи три ракети“, а целите биле соборени во соработка со системите за воздушна одбрана на Кралството Саудиска Арабија.
Пред еден месец, грчкиот „Патриот“ интервенираше и спречи напад со две балистички ракети од Јемен врз рафинерија во Саудиска Арабија, а во март годинава собори две ирански ракети.
МИА
Ново на Сител
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
