Грчките земјоделци го затворија на четири часа граничниот премин Евзони за сите возила

Од 11 часот по македонско (12 часот по локално време) во прекин е сообраќајот за сите возила на граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција поради блокадата на грчките земјоделци, што, според информациите на дописничката на МИА од Атина, ќе трае до 15 часот по наше, 16 часот по грчко време.
Земјоделците од северниот дел на Грција, кои од 1 декември своите трактори ги имаат паркирано на грчката страна од границата, се меѓу блоковите што одбија денеска да се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и продолжуваат со нивните активности, протести и блокади.
Не е исклучена можноста граничниот премин Евзони да биде блокиран и во вечерните часови, по 19 часот по локално време.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од 19 часот по локално, 18 часот по македонско време, четири часа ќе биде блокиран граничниот премин Ники (Меџитлија) за товарни возила, а во периодот од 20 до 22 часот (од 19 до 21 часот по македонско време) блокадата ќе се однесува и на автомобилите.
Како што претходно објави МИА, земјоделците од над 55 блока доцна синоќа одлучија да не дојдат на состанокот со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис затоа што, како што тврдат, владините ограничувања за бројот на претставници ги поткопуваат изгледите за значаен дијалог и планираат дополнително да ги интензивираат протестите.
Мицотакис денеска, сепак, ќе одржи средба со земјоделците, но со претставниците на 14 блокади, односно со оние што уште од минатиот месец се одделија од другите и побараа дијалог со владата.
МИА
Ново на Сител
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење
