Гренланд спречи неовластени нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп

Според пишувањето на весникот „Телеграф“, Одделот за индустрија и минерали на Гренланд соопшти дека машините минатиот месец биле истоварени на источниот брег на островот, каде што е планирано истражувачко дупчење за нафта во регионот Џејмсон Ленд. Одделот потврди дека за ова ќе му биде упатено „остро предупредување“ на носителот на лиценцата, нагласувајќи дека дупчењето не може да продолжи без официјално одобрение од гренландските власти.
Истражувачкиот проект го финансира компанијата „Гренланд енерџи“ со седиште во Тексас, која беше основана минатата година и презеде мнозински удел во проектот во замена за негово финансирање. Компанијата тврди дека под регионот Џејмсон Ленд може да се наоѓаат залихи на сурова нафта во вредност до еден трилион долари.
Претседателот на компанијата, Лери Светс, во јуни призна дека нивни претставник погрешно им соопштил на жителите на Гренланд дека дозволата за внесување на опремата веќе била издадена. – Нашиот ентузијазам за проектот нè наведе да комуницираме на начин што создаде забуна – изјави Светс. Сепак, во писмото до акционерите испратено во четвртокот, од „Гренланд енерџи“ наведоа дека разговорите со гренландските регулатори биле „конструктивни“ и дека компанијата останува охрабрена од напредокот кон добивањето на потребните одобренија.
Оваа контроверза се случува во период на обновен интерес на САД за Гренланд. Неколку дена откако жителите пријавија дека забележале внесување на опремата за дупчење, Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“ објави слика генерирана со вештачка интелигенција, на која е прикажан како гледа кон гренландско село, проследена со натпис „Здраво, Гренланд!“.
Трамп предизвика меѓународни критики во јануари 2025 година, откако одби да ја исклучи можноста за употреба на воена сила за преземање контрола врз Гренланд, изјавувајќи дека на САД им е потребен островот „од причини на националната безбедност“. Иако оттогаш ја ублажи својата реторика, тој го нарече Гренланд „од витално значење“ за неговиот предложен систем за противракетна одбрана „Голден доум“. Инаку, Гренланд е автономна територија во рамките на Кралството Данска, која е членка на НАТО, исто како и САД.
Од своја страна, „Гренланд енерџи“ негира дека нејзиниот нафтен проект е поврзан со какви било планови за анексија на Гренланд. Минатиот месец, компанијата во својот управен одбор ја именуваше Керол Крег, ветеран на американската воена морнарица, а исто така го ангажираше и познатиот поранешен телевизиски водител д-р Фил Мекгроу да биде домаќин на документарна серија за нејзините истражувања на Арктикот.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
