Македонија
14. August 2026 - 16:41

Груби обвинет за дело со пет години затвор, истрагата го сомничеше за проневера со казна до 20 години

Артан Груби на 24 август ќе седне на обвинителна клупа, но се соочува со значително поблага казна.. Осомничен беше за проневера, а доби обвинение за злоупотреба на службената положба. Додека обвинителството ја водеше истрагата, според законот за кривична постапка, му се закануваше затвор од четири до максимални 20 години. Со обвинението кое вчера го доби Груби, за злоупотреба на службената положба, највисоката казна која може да јаодреди судот, изнесува пет години затвор.

Промената на кривичното дело според кое сега се гони Груби, од обвинителството го објаснуваат со доказите обезбедени за време на истражната постапка.

„Истрагата доведе до докази за друго дело. Јавниот обвинител не е обврзан со правната квалификација на поведената истрата или поднесената пријава. Обвинението се темели на доказите прибрани во текот на истрагата“, појаснуваат од Јавното обвинителство. 

Обвинителството Во 2024 година ја почна истрагата во Државна лотарија.. За проневера од над 8 милиони евра, ги осомничи екс директорот Прпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер Груби. По 20 месеци подоцна, заедно со членовите на Надзорниот одбор на лотарија, ги обвини за злоупотреба на службената положба. Со обвинението беше побарано и продолжување на домашниот притвор за Груби, кој според закон не може да трае подолго од 60 дена. Судот му одреди 30 дена.

„Мерката домашен притвор за Груби, по поднесување на обвинителниот предлог, продолжена е до 13 септември“, информираат од Основен Кривичен суд - Скопје.

Груби е во домашен притвор од февруари. МВР и АНБ процениле дека не е загарантирана неговата безбедност во затворот во Шутка, па обвинителството предложи поранешниот вицепремиер да издржува домашен притвор под 24 часовен полициски надзор пред неговиот дом.