-->
-->
Група машки лица дивееле по Кавадарци, оштетиле куќи, покуќнината и три возила
-->
Ја скршиле вратата од нејзиниот дом, а оштетиле и четири соседни куќи и возила, кавадарчанка пријавила напад во полиција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Рано утрово по полноќ во 00.00 часот во ОВР Кавадарци, 22-годишната А.Б. од Кавадарци пријавила дека неколку машки лица ја скршиле влезната врата од нејзиниот дом, по што оштетиле и четири соседни куќи, сопственост на М.Ф., Е.Ф., Р.Ф. и А.Р. а во некои од нив влегле и ја оштетиле и покуќнината, а потоа оштетиле и три возила кои биле паркирани во близина на куќите, соопштија од СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. Се преземале мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп