СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
Викенд анкетата која го измери рејтингот на партиите и денеска во фокус на меѓупартиските обвинувања.
Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро велат од опозицијата. Според партијата со анкетата се кријат вистинските бројки за растот на довербата на граѓаните во СДСМ.
- Својот пад го објавија ама не ги објавија точните бројки за СДСМ. Морале, затоа што СДСМ ја враќа довербата на народот. Потоа објавија дека граѓаните подобро живеат. Велат дека 57,5 проценти од граѓаните биле задоволни од квалитетот на живот. Народот едвај врзвува крај со крај, работниците имаат најниски плати во Европа и во регионот, нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за пензии, за земјоделци, цените се до плафон. Две минимални не ја покриваат ниту скратената владина кошничка. Со кирија, синдикалната кошничка оди над 90.000 денари. Горивото е до плафон и македонските граѓаните можат најмалку да купат од целиот регион, вели Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ
СДС сопствениот пораз го прогласува за победа – ако рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа, зошто Филипче бега од избори, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, анкетите јасно покажуваат дека Филипче има рејтинг од 3%, па прашуваат против кого маршираше викендов.
- Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно поставуваме прашање до Филипче и очекуваме одговор, против кого маршираше Филипче викендов? Против бугарските фашистички окупатори или пак против бугарските администратори? Филипче е прочитан од граѓаните и тие не му веруваат, а потврда за тоа се и анкетите на кои јасно се гледа дека токму тој има рејтинг од 3%, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Последната анкета која за МКД.МК ја спроведе Маркет вижн покажа 3 ипол пати поголема предност на владејачката партија. Над 19% од граѓаните на следните избори би му дале поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, додека околу 5,5% би гласале за СДСМ. Според истата анкета, 57,5% од анкетираните одговориле дека се задоволни од квалитетот на живот, додека 41% не се, а анкетата покажа и поделени ставови на граѓаните за прославата по повод 35 години независност на државата.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
