Гутереш ја осуди „неуставната промена на власт“ во Нигер

„Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди неуставната промена на власта во Нигер“, изјави неговиот портпарол откако армијата објави дека го соборила претседателот Мохамед Базум.
Портпаролот на Гутереш, Стефан Дужарик, рече дека генералниот секретар на ОН е длабоко загрижен поради приведувањето на претседателот Базум од страна на членовите на претседателската гарда. „Генералниот секретар повикува на итен прекин на секоја акција што ги крши демократските принципи во Нигер“, додаде Дужарик.
Војската во западноафриканската држава Нигер на националната телевизија објави дека извршила државен удар. Тие објавија дека го распуштиле уставот, ги суспендирале сите институции и ги затвориле границите на државата. Претседателот на Нигер Мохамед Базума е задржан во палатата во главниот град Ниамеј од претседателските гардисти, а регионалните лидери организираа брза посредничка мисија за да се обидат да спречат уште едно потенцијално насилно преземање власт во Западна Африка.
Африканската унија и западноафриканскиот регионален блок ECOWAS го осудија, како што го нарекоа обидот за државен удар, повикувајќи ги бунтовниците да го ослободат Базума и да се вратат во нивните касарни.
САД повикаа на ослободување на претседателот, додека Европската Унија, Франција и други го осудија бунтот и рекоа дека со загриженост ги следат настаните.
Ново на Сител
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
