Преглед на вестите од светот
Доналд Трамп му се закани на Иран со нов напад доколку неговите лидери не дејствуваат брзо во преговорите за ставањето крај на војната. И Вашингтон и Техеран постојано ги отфрлаат меѓусебните барања. За Иран времето отчукува и подобро да се движат брзо, или нема да остане ништо од нив. Времето притиска , напиша американскиот претседател во објава на Трут соушл. Пакистан, во мегувреме им достави на Соединетите Држави, ревидиран ирански предлог за предлог за прекин на војната.
- Во исто време кога ги следиме сите движења, секако сме подготвени за секој настан и за секоја можност. На преговарачката маса, без оглед на овие закани, ние продолжуваме со нашата работа фокусирана на интересите на иранската нација. Што се однесува до нивните закани, бидете сигурни дека сме целосно свесни како соодветно да одговориме дури и на најмалата грешка од спротивната страна, изјави Есмаеил Багаеи, портпарол на МНР на Иран.
Според најавите, Трамп утре ќе се сретне со својот тим за национална безбедност за да ги дефинира следните чекори во војната со Иран. Спроед СИ ЕН ЕН, Пентагон подготвил список на цели, вклучувајќи енергетски и инфраструкутрни локации, ако Трамп одлучи да продолжи со нападите врз Иран.
Рускиот претседтаел Владимир Путин утре и задутре ќе биде во Пекинг на покана на неговиот кинески колега Си Џинпнг. Во фокусот на разговорите трговската и економска соработка .
- Секоја нова средба меѓу лидерите на нашите две држави дава дополнителен импулс за понатамошен развој и проширување на нашите односи, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
Претходно, кинескиот претседател изјави дека билатералната соработка помегу Русија и Кина континуирано се продлабочува и зацврстува, и дека оваа година се одбележува 30 годишината од стратешкото партнерство на двете земји. Минатата недела кај Си Џипинг беше и Доналд ТРамп. Средба со кинескиот претседател во Пекинг во блиска иднина најави и српскиот претседател Вучич.
Украина значително ги зајакнува своите каапцитети за далекусежни напади изјави Зеленски по еден од најголемите наапди врз Москва и околина. Украина со дронови го наапдна мосвскиот регон како дел од одговорот на Киев на континуираните руски напади- Растојанието до целите овој пат беше повеќе од 500 километри, што е значајно бидејќи Московскиот регион е најзаситен со руски средства за воздушна одбрана. Тие најмногу го штитат своето подрачје на моќ. Но, украинските чекори на долг достгрел веќе го надминуваат ова, изјави Володмир Зеленски, претседател на Украина.
Руските власти известија дека три лица загинале во укрианскиот напад додека руските сили возвратија со лансирање дронови врз Одеса и Днипро.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
