Преглед на вестите од светот
Украина и Русија се договорија за голема размена на воени заробеници по дводневните преговори во Абу Даби со посредство на САД, но не постигнаа договор околу територијата на Донбас, безбедносните гаранции за периодот по војната и условите за завршување на војната.
- Една од позитивните работи е што се договоривме да спроведеме најголемо хуманитарно ослободување на затвореници, при што утре ќе ги утврдиме конечните бројки. Разговаравме и за тешките прашања. Тука спаѓаат и територијалните прашања, кои ќе бидат најтешки за решавање. Сепак, веруваме дека преку дискусијата за другите прашања, ќе најдеме начин да ги решиме сите нив истовремено. Сметам дека водењето на овие разговори е од голема важност, но воспоставувањето на повоената безбедност нема да биде возможно сè додека не се постигне договор за територијалните и сите други билатерални прашања, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на САД.
Кушнер најави дека со Виткоф утре одат во Москва на средба со Путин, по што ќе отпатуваат за Даблин на разговори со Зеленски.
Најмалку 300 училишта низ Италија беа евакуирани утово откако добиле иста елекстронса порака за подметната бомба.
Спорведените проверки не открија никакви докази што би укажувале на постоење конкретна закана изјави премиерката Мелони и оцени дека станува збор за координиран обид да се создаде паника и хаос, без постоење на реална безбдносна закана.
Слични закани по електронска пошта беа испратени и до десетици училишта во Шкотска, Ирска и Северна Ирска, каде што полицијата исто така соопшти дека се лажни.
Ова е најновиот случај во низата закани и сајбер напади насочени кон супермаректи, банки за крв, воздушниот сообраќај и медиуми што ја зафатија Европа во изминатите неколку денови.
Повеќе од милион работници во Шпанија денеска излегоа на генерален штрајк поради високите кирии и се потешката достапност на станови.
Според податоците на Централната банка, во Шпанија постои недостиг од околу 750.000 станбени единици, а се очекува таа бројка до 2028 година да надмине еден милион.
- Имам 36 години, а сè уште не можам да се отселам и да живеам самостојно. Не знам ни како ќе се снајдам – кириите постојано растат, цените на становите исто така, и едноставно е невозможно, изјави жител на Мадрид.
- Ова е штрајк организиран од работничката класа и за работничката класа, изјави жителка на Мадрид.
Станува збор за прв генерален штрајк во Шпанија по 14 години а го организраа двата најголеми и највлијателни синдикати во земјата, заедно со здруженијата на станари.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
