ОН: Гутереш повика на целосна и транспарентна истрага за смртта на Навални
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на целосна и транспарентна истрага за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, рече портпаролот на ОН, Стефан Дижарик на брифинг со новинарите.
„Генералниот секретар на ОН е шокиран од веста за смртта на опозиционерот Алексеј Навални во руски затвор. Генералниот секретар изразува сочувство до семејството на г-дин Навални и повикува на целосна, веродостојна и транспарентна истрага за околностите на неговата смрт во затвор“, рече Дижарик.
Федералниот оддел на казнено-поправната служба на автономниот округ Јамало-Ненецки вчера соопшти дека Навални (47) починал во казнената колонија каде што ја отслужуваше казната.
Според наводите на тој оддел, Навални по прошетка се чувствувал лошо и се онесвестил, медицинските службеници веднаш притрчале на помош на осуденикот и почнале со реанимација која траела повеќе од половина час.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
