Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
Граѓаните кои за прв пат ќе купуваат стан, наскоро ќе добијат олеснувања при добивање на кредит. Гувернерот на народната банка најави нови мерки со кои ќе се прави разлика меѓу купување стан за живеење и купување недвижен имот како инвестиција. За вторите ќе има построги критериуми. За мерките кои најмногу ги засегаат младите, веќе се разговарало и со банкарската асоцијација, една од опциите е и поврат на ДДВ за прво купување стан.
Славески смета дека треба да има построги контроли за кредитобарателите кои изјавиле дека живеат во станот за кој исплаќаат рати по примерот на многу европски држави.
Во меѓувреме од Владата нема став дали се размислува да се продолжи времетраењето на повластената стапка на ДДВ за прв промет на стан која истекува на 31 декември, што значи дека од први јануари цената на становите ќе биде со 13 отсто повисоко ДДВ. Славски конкретно не одговори како би се одразило ова на повластените мерки кои ги најави.
За тековната состојба на пазарот на недвижности гувернерот оствари средба со првиот човек на Катастар. Оттаму најавија дека до крајот на септември ќе биде вратен целосно во функција регистарот на цени за закупнини.
Гувернерот смирува во врска со падот на европските берзи, вели дека нема директна закана за домашните пазари. Славески оцени дека има охрабрувачки сигнали од Владата и се очекува инфлацијата да падне под 3% до крајот на годината а за таа цел се преземаат и дополнителни макрополитики и мерки.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар