Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја

Необична честитка за неговиот роденден добил министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис, кој утрово кога го отворил мејлот открил дека некој го хакирал и во негово име нарачал 200 луксузни автомобили и 25 оружја.
Георгиадис на социјалните мрежи објави дека токму на денот на неговиот роденден, бил жртва на хакерски напад за што ги информирал и надлежните.
– На денот на мојот роденден ми го приредија следното изненадување. Ми го хакирале мејлот и користејќи го моето име, ги направиле следниве нарачки: 150 Porsche Cayenne, 50 Mercedes-Maybach, 24 ловечки пушки Benelli и еден пиштол Springfield Armory Echelon. Им благодарам за оригиналниот начин да ми го честитаат роденденот, но ги информирам дека штотуку стапив во контакт со Службата за борба против електронски криминал и дека ќе преземам правни мерки. Па, среќен ми роденден. П.С. За среќа, немам такви неостварени желби …, напиша Георгиадис на Икс.
Според објавените фотографии од пораките, хакерот или хакерите што ги испратиле нарачките се претставиле како самиот министер.
Во пораката упатена до Порше, пишувало дека Георгиадис лично ги нарачува автомобилите за себе и за неговата сопруга, барајќи да му бидат испратени дури 150 автомобили, додека од Мерцедес побара 50 возила да бидат испратени во неговиот дом.
МИА
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
