Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд ја доби наградата „Пријател на годината“ од норвешката Асоцијација на библиотеки.
Најдобриот норвешки фудбалер не присуствуваше на самата церемонија, а наградата во него име ја примија двете сестри Нора и Софи.
Да живеат писателите, наставниците, учениците, училиштата и книгите. Заедно сите тие прават важен тимски напор“, се вели во пораката која по повод настанот ја објави Халанд.
Претходно оваа година, Халанд, издвои 118.000 евра и ја купи најскапата норвешка книга на сите времиња, уникатното издание од 1594 година на „Кралските саги“ од исландскиот историчар, писател, поет и хроничар Снори Стурлусон.
Изданието е едно од првите печатени дела за норвешката историја, значајно за преносот на кралските саги од средновековната ракописна традиција во печатена форма.
Книгата беше продадена на аукција во декември лани од приватната колекција на Јохан Фредрик Одфјел, а подоцна беше откриено дека ја купиле Халанд и неговиот татко Алфи.
Норвешкиот фудбалер ја донираше книгата на библиотеката во Брине, градот во кој Халанд го помина детство и почна да тренира фудбал.
Под негово покровителство, беше организиран и натпревар во читање во основните училишта во покраината Рогаланд.
„Имам силна врска со Брине и купувањето на оваа книга е само мој подарок за сè. Никогаш навистина не сум сакал да читам и многу ми е жал поради тоа. Сега разбирам колку е важно на млада возраст да се раѓаат соништата“, рече норвешкиот фудбалски ас.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
