Хашим Тачи осуден за попречување на правдата на 17 месеци затвор

Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи е осуден на 17 месеци затвор во случајот за попречување на правдата и влијание врз сведоци во постапката за воени злосторства. На истата казна не се осудени сите обвинети: Башким Смакај и Фадил Фазлиу добија по 12 месеци затвор, Хередин Кучи доби условна казна од еден месец со рок на проверка од една година, додека Исни Килај е ослободен поради недостиг на докази.
Според објавеното, обвиненијата се однесуваат на попречување на службено лице, мешање во кривична постапка и непочитување на судот. Случајот е поврзан со постапката за воени злосторства во која Тачи беше осуден на 25 години затвор, а неговите соработници добија казни од 13, 18 и 25 години.
Судот ги прифатил аргументите на обвинителството дека судењето за воени злосторства се одвивало во атмосфера на постојано заплашување, поради што дел од сведоците ги менувале своите искази.
Во образложението на пресудата се наведува дека за време на посетите на Тачи во притвор, во јули, септември и октомври, биле откривани доверливи информации за судењето и идентитетот на сведоците. Според судот, Тачи им давал инструкции на посетителите што требало да им ги пренесат на сведоците, вклучително и насоки за начинот на кој треба да сведочат.
Како докази биле користени аудиоснимки од посетите, податоци од печатач во притворската единица преку кој биле печатени доверливи документи, како и материјали пронајдени при претреси на Косово.
Тачи ќе ја издржува казната по завршувањето на главното судење за воени злосторства и евентуалното потврдување на пресудата. Смакај и Фазлиу веќе се пуштени на слобода, бидејќи во притвор поминале повеќе од 12 месеци.
Пресудата е првостепена, а обвинетите имаат право на жалба.
МИА
Ново на Сител
-

Јанев за грчката државна телевизија ЕРТ: Изградивме силни и тесни врски со грчката полиција
-

Потешко до работа во Германија: Од 50.000 на 25.000 Германија ја намалува квотата за работници од Македонија и регионот
-

Во Сенџен почна историската средба Шји – Трамп – Путин
-

Италија подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 13 години – до 16 години само со родителска контрола
-

ДЗР: Потребни се дополнителни мерки за зајакнување на ИТ безбедноста во ФЗОРСМ
-

Исламот би можел да стане најголема светска религија до 2035 година
-

Заврши билатералната средба Трамп – Путин во Шенџен
-

Променливо облачно со повремен дожд
