Loading Video...
Балкан
18. November 2026 - 16:41

„Избриши го видеото или сите ќе умреме уште вечерва“ - Бугарскиот јутјубер Цанов објави нови пораки од Михаилова

„Избриши го видеото или сите ќе умреме уште вечерва“. Бугарскиот јутјубер Цанов објави нови  пораки од Ива Михаилова и телефонски разговор со нејзината мајка, со кои тврди дека барале да ја избрише претохдната емисија во која тврдеа дека имаат пристискоци од бугарската агенција за национална безбедност. Според тврдењата на Цанов, Михајлова му пишала само неколку минути по објавувањето на првото видео, а во пораките, изразувала страв за сопствената безбедност, но и за безбедноста на нејзините родители. Пораките подоцна биле избришани, но Цанов направил видеоснимка од нивната преписка.

Пред четири дена Цанов ја објави првата снимка од разговор со Михаилова во која таа тврди дека од безбедносната служба од неа било побарано прво да даде интервју кај новинарот Мартин Карбовски врз кого агенцијата има влијание и може да му одреди какви прашања да и поставува.

Во спротивно, и се заканувале дека ќе остане без потребната рехабилитација и правна помош. Иако Михаилова навистина гостуваше кај новинарот Карбовски, таа ден по објавувањето на снимката, јавно ги демантираше тврдењата дека некој во Бугарија и вршел притисоци, туку дека напротив, од државата добила помош, грижа и поддршка и побара да биде оставена на мир за да може да се лекува.

Обвинувањата за притисоци врз Михаилова ги негираше и бугарската агенција за нациионална безбедност. Агенцијата оцени дека потеклото на снимките не е потврдено, а изнесените тврдења не се докажани.

Македонското МВР пак се уште утврдува како Михаилова пред повеќе од еден месец избега од државата. Министерот Тошковски минатата недела информираше дека истрага е се уште во тек, а Михаилова не е регистрана на ниту една безбедносна камера на граничните премини.