Loading Video...
Балкан
17. November 2026 - 16:41

Србија го доби новиот парламент, почна да тече рокот за новата Влада

Конститутивната седница на новиот состав на Народното собрание на Србија почна во напната атмосфера со собири и инциденти околу парламентот.

Пратениците на Студенската листа беа пречекани со погача, аплауз и песна.

Кога почнаа да пристигнуваат пратениците на досега владејачката Српска напредна партија, насобрнаите грагани им упатија свиреќи и критики а Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт по главата.

Лидерот на опзоицијата, Александар Вучиќ, оцени дека инцидентите пред конститутивната седница на Собранието не биле дело на случајни поединци, туку организиран напад за кој ја обвини Студентската листа и ја криткуваше полцијата за нереагирање.

Настаните околу собраниската зграда, не ја попречија работата  на собранието.

Трочлената комисија ги потврди мандатите на сите 250 народни пратеници по што пратениците положија заклетва.

Во новиот состав на Собранието, Студентската листа има апсолутно мнозинство со 140 мандати.

Пратениците на СНС за првпат по повеќе од една деценија седнуваат во парлментраните клупи како опозиција.

СНС има103 пратенички места.

Останатите седум места им припаднаа на пет листи на мацинските партии.

Новото парламнетарно мнозинство сега треба да ги избере раководните тела на Собранието а потоа да почен постатпакат за формирање нова влада.