Хеликоптер вклучен во гаснењето на пожарот кај Дојран, ер трактор над фабриката Самоков
Хеликоптер од рано утрово учествува во гаснењето на пожарот над селото Николич во околината на Дојран, а еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе се вклучи во гаснењето на пожарот над фабриката „Самоков“ во општина Македонски Брод.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов очекува овие два тешки пожари во текот на денот да бидат ставени под целосна контрола.
- Нашиот фокус денеска ќе биде на гаснење на пожарот во околината на Дојран над селото Николич. Овде има една сосем мала брана која што хеликоптерот ја користи за полнење на вода и дејствува врз овој тежок пожар кој се наоѓа на исклучително стрмен терен. Затоа денеска го користиме хеликоптерот кој со кратки налети од три до четири минути брзо и ефикасно делува врз пожарот. Моја претпоставка е дека за неколку часа овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, а верувам и изгаснат, истакнува Ангелов во утринската изјава.
Ангелов се надева дека денеска под контрола ќе биде ставен и пожарот над фабриката Самоков во Македонски Брод.
Рано утрово, како што информираше, целосно е изгаснат и пожарот што три дена гореше во атарот на Чучер Сандево.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи ВРЕДИ уште во првиот круг
-
ДЗР: За раскинување на договорите за нов Клинички и болницата во Штип фирмите бараат 45 милиони евра отштета
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами да се справуваат со пожарите
-
Сиљановска: Длабоко сум разочарана што се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП
-
Мицкоски: Голем број европратеници нема да гласаат за амандманот со кој се брише македонскиот јазик и идентитет
-
СДСМ: Животот на граѓаните станува се потежок, владата не може да се справи со високите цени
-
Во Штип се рушат дивоградби за да се гради Булевар