Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага

„Оскаровецот“ Јуџин – Џин Хекман почина вчера на 95-годишна возраст. Во изјава за тамошните медиуми, окружниот шериф на Градот Санта Фе, Ејдан Мендоза рече дека Хекман и неговата сопруга – пијанистката Бетси Аракава, биле пронајдени мртви вчера попладне, во нивниот дом во главниот град на американската сојузна држава Ново Мексико.
„Може да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во средата“, соопшти полицискиот оддел на Санта Фе.
Надлежните потврдија и дека постои активна истрага за двата смртни случаи. Причината за смртта сѐ уште не е позната.
Шерифот Мендоза изјави дека првично нема јасни знаци на насилство, објави „Гардијан“.
Хекман живееше во Санта Фе, Ново Мексико, САД од 1980-тите. Се ожени со Аракава (63) во 1991 година. Зад себе има 101 улога, два „Оскари“, две „БАФТА“ одличја, четири „Златни глобуси“ и една награда на американското Здружение на глумци (САГ).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
-

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација
-

Пристигнаа првите 17 американски „Stryker-и“ - Мисајловски најавува нови набавки за модернизација на АРМ
