Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација

Македонската ракометна репрезентација доби засилување на бековската линија.
Од денес Дмитро Хориха има право да игра за „црвено-жолтите“.
Оваа информација ја објави Ракометната федерација на Македонија, на денешната прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов и селекторот Кирил Лазаров.
На прес-конференцијата се говореше и за претстојните квалификации за Европското првенство 2028.
Хориха е поранешен играч на Вардар, а моментално настапува за унгарскиот клуб ПИК Сегед.
- Мислам дека добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес, тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе придонесе и тој за подобри резултати во иднина, изјави Стефанов.
Селекторот Лазаров изрази задоволство од добивањето играч кој може да одговори и во одбрана и во напад.
- Се работи за играч кој има шут од надвор, кој е играч во два правци, кој има победнички карактер и во последните години покажал дека секогаш прави се за неговиот тим да победи, рече Лазаров.
Тој најави дека списокот на повикани ракометари ќе биде објавен на почетокот на следната седмица, нагласувајќи дека конкуренцијата за секое место во тимот е голема и дека репрезентацијата максимално сериозно ќе пристапи кон претстојните квалификациски натпревари.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
