Македонија
2. јуни 2025 - 12:30

Хотелите се полнат со семинари и свадби

Хотелите долж Oхридското Eзеро своите капацитети ги надополнуваат со конгреси, семинари и свадби. Објектите во пролетниот и есенскиот период се полнат од конгресниот туризам. Охрид со своите убавини е примамлив за гостите токму тука да ги одржат своите конференции, но во слободното време и да уживаат во тоа што им се нуди. 

Со оглед на тоа дека голем дел од закажаните настани се пролонгираа поради несреќата во Кочани. туристичките работници се надеваат дека периодот кој следи ќе се надополнуваат.

Повеќето настани кај нас се прават oд домашни гости со интернационално учество.

Туристичките работници советуваат оние хотелски капацитети кои имаат услови да инвестираат во конгресни сали и опрема за одржување конференции бидејќи тоа повеќекратно ќе им се врати.