Македонија
8. August 2026 - 19:50
Охриѓани ја слават Света Петка
Велгошти синоќа и денес беше претесно да ги собере верниците кои се поклонија пред Св Петка Римска заштитничката на селото.Отец Павел вели дека култот кон оваа светица е голем и традиционално се одбележува масовно .Овој манастир е посетен не само од верници од земјава туку и од дијаспората а има и туристи кои се интересираат за духовноста и културното богатсво .
Света Петка многумина ја сметаат за заштитник и се верува дека има чудотворна моќ таа им помага на жените, децата и старите лица.
Портите на велгоштани за овој ден кога се слави манастирската слава се отворени за сите посетители.
Манастирот Св.Петка е сместен е недалеку од Охрид, под Илинска планина, на самата падина од ридот Олмец, над селото Велгошти.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
