Христијан Бошевски најсреќен на Водици во Битола

Младиот тинејџер Христијан Бошевски (16) од Битола е најсреќното момче учесник на традиционалната манифестација, пронаоѓање на светиот крст во водите на црковниот базен во Храмот „Свети Велиомаченик Димитриј“ во Битола.
Меѓу дваесеттината учесници, Бошевски успеа прв да скокне во базенот и да го пронајде спуштениот свет крст, чин организиран од свештенослужители на преспанско-пелагониската епрахија.
- Мојата традиција почна минатата година, а оваа година со многу среќа успеав да го пронајдам и земам во свои раце богојавленскиот свет крст. На сите верници им го честитам празникот Водици, изјави Христијан Бошевски, по завршувањето на манифестацијата, примајќи честитки за постигнатиот успех.
Според востановената традиција, осветување на водите и полагање свет крст беше организирано и во други цркви и манастири на преспанско-пелагониската епархија.
МИА
Ново на Сител
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
