Македонија
1. September 2025 - 21:05

Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството

Документи за незаконско следење на премиерот Мицкоски додека тој беше опозиционер, обвинители, бизнисмени, како и новинари од страна на службени лица на Агенцијата за национална безбедност од 2019 година до лани, се предадени на Обвинителството и се чека истрага, вели директорот на АНБ Бојан Христовски. Тој потврди дека во изминативе години безбедносните служби повторно биле користени за политички и бизнис пресметки.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција засега потврдуваат дека постапуваат по трите предмети за следење на комуникации од страна на поранешно раководство на АНБ, но без други детали повикувајќи се на тајност во предистрагата. 

Без детали колку и кои лица биле следени, премиерот Мицкоски потврдува само за себе дека бил мета на безбедносните служби. Очекува тие што ја злоупотребиле положбата да завршат зад решетки. 

Меѓу оние кои изразија сомнеж дека незаконски била следена е и поранешната обивнителка за организиран криминал  Рускоска, но вели дека до овој момент не е контактирана од ниту еден надлежен орган.  

По спроведена темелна истрага од АНБ, според бирифинзите, групата ги користела сите можни средства за незаконско следење на нивните комуникации, намерно се одолговлекувале безбедносните проверки за добивање на сертификати, а незаконски добиените информации се користеле и за изрекување мерки притвор во судски постапки.