Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија

Во завршниот натпревар од второто коло во групата 2 од главната рунда на Европското првенство, хрватските ракометари вечерва во Малме ја совладаа Швајцарија со 28-24 и ги задржаа шансите за место во полуфиналето.
Швајцарија го отвори натпреварот со серија од 4-0, а Хрватска воведниот гол го постигна дури во 9 минута. Сепак, на средина од полувремето, Хрватите фатија резултатски приклучок и влегоа во второто полувреме со предност од 13-11.
Во продолжението, Хрватска константно ја зголемуваше предноста која достигна највисоки плус пет (20-15). Швајцарија се доближи на минус два негатива (22-24), но Хрватска одговори со серија од 3-0, ја врати највисоката предност (27-22) и ја забележа втората победа во главната фаза со која остана во трка за пласман во полуфиналето.
Хрватска до победата ја предводеа Звонимир Срна и Иван Мартиновиќ со по пет голови, колку што постигнаа и најефикасните Мануел Зендер и Лука Марош во швајцарските редови.
Претходно вечерва во рамки на групата 2, Словенија ја победи Унгарија со 35-32, додека Исланд триумфираше над Шведска со 35-27.
Исланд, Шведска, Словенија и Хрватска имаат по четири бодови, а Унгарија и Швајцарија по бод.
МИА
Ново на Сител
-

Европа бара свои суровини, Македонија се уште чека на нови рударски инвестиции
-

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени
-

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
