Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума

Речиси 12.000 свињи ќе бидат евтаназирани во фармите Соколовац и Неметин во регионот Славонија, откако беше потврден вирусот на африканска свинска чума, јавија хрватските медиуми.
Само во Соколовац, кај Осиек, има околу 9.800 свињи што ќе бидат уништени. Во операцијата ќе бидат вклучени полицијата и хрватската армија, а фармите со повеќе од 1.000 свињи ќе бидат под 24-часовен надзор.
Шефот на регионалниот штаб за цивилна заштита, Горан Ивановиќ, изјави дека операцијата е комплексна и бара голем број луѓе и строго почитување на биосигурносни протоколи.
Хрватската ветеринарна комора побара итна и решителна реакција и потсети дека човечкиот фактор има клучна улога во ширењето на болеста. Дополнително, претседателот на Хрватската земјоделска комора, Младен Јакоповиќ, ја поддржа мерката за воведување постојан полициски надзор и засилени контроли на сообраќајот и транспортот на животни.
Во земјата се воведуваат и нови безбедносни протоколи, вклучувајќи забрана за нелегален увоз на месо, особено од региони со активни жаришта, како Србија и Босна и Херцеговина.
МИА
Ново на Сител
-

Студентите во блокада за крајот на мај најавуваат голем митинг во Белград
-

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат
-

Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија
-

Мицкоски: Ќе продолжиме со стабилни политики и заштита на стандардот на граѓаните
-

Американските разузнавачки агенции проучуваат како би реагирал Иран доколку Трамп прогласи победа во војната
-

Саркози повикан да сведочи во Апелациониот суд
-

Ужас во Гостивар: 14-годишно дете ја силувало неговата 13-годишна сестра
-

Променливо време со дожд и пад на температурите до викендот
