Loading Video...
Балкан
30. April 2026 - 16:31

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент

Бугарија го конституираше 52-от состав на народното собрание. Новите пратеници положија заклетва и со 188 гласа „за“ го избраа кандидатот на најбројната партија „Прогресивна Бугарија“, Михаела Доцова за прв човек на Парламентот.

Како победник на парламентарните избори, Румен Радев потврди дека кабинетот се подготвува и не негираше дека се гледа себеси како иден бугарски премиер.

Претседателката Јотова порача дека враќањето на довербата ќе биде задача на сите институции и власти.

Следната седница на бугарското собрание е закажана за 7 мај, а дотогаш според најавите на Радев треба да завршат и консултациите за новата бугарска влада.