Хрватската Влада ги ограничува цените на струјата, гасот и основните прехранбени производи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го претстави владиниот пакет мерки за ублажување на влијанието од поскапувањето во вредност од над 21 милијарда куни, што ги ограничува цените на струјата, гасот и основните прехранбени производи.
Пакетот вклучува и мерки за субвенционирање и помош за граѓаните, јавниот и приватниот сектор. – За да ги заштитиме граѓаните, економијата и општеството, повторно одиме со силна интервенција, рече Пленковиќ на владиниот состанок, нагласувајќи дека мерките се силни, правични и сеопфатни. Според владиниот пакет, домаќинствата од 1 октомври до 31 март ќе плаќаат по 59 евра за мегават час за потрошувачка до 2.500 киловат часови, а во просек 88 евра за поголема потрошувачка.
Во категоријата домаќинства се префрлаат градинките, училиштата, факултетите, пензионерските домови, невладините организации, верските здруженија, општините и градовите, а за нив универзалната цена ќе биде 62 евра за мегават час. Во зависност од потрошувачката, ограничени се и цените за претприемништво, па оние кои трошат помалку од 250.000 киловат часови ќе плаќаат 0,52 куни за киловат час, а оние над 1,76 евра.
Цените на гасот за домаќинствата не се менуваат и ќе останат непроменети до 1 април 2023 година, а воведени се и мерки за помош за оние кои се греат на дрва. Што се однесува до основните прехранбени производи, владата ја ограничи цената на сончогледовото масло за јадење на максимум 15,99 куни (2,12 евра), долготрајното млеко со 2,8 отсто млечни масти на 7,39 куни (0,98 евра), белиот кристален шеќер на 7,99 куни (1,06 евра) и брашно од типот Т-400 остро по 6,29 куни (0,83 евра).
Свинска плешка без коски, како и свинскиот врат со коска, не смеат да чинат повеќе од 24,99 куни (3,32 евра) за килограм, а мешаното мелено месо 32,99 куни (4,38 евра) за килограм. Цената на целото пилешко е ограничена на максимум 24,99 куни (3,32 евра) за килограм. Министерот за економија Давор Филиповиќ изјави дека за да се зачува куповната моќ на граѓаните, цените на девет основни производи се намалени за околу 30 проценти.
Ново на Сител
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
-

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери
-

Приведен дилер од гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во затвор за издржување на казната
-

Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје
-

Отпуштања на 14 отсто од админстрацијата како мерка за штедење на Нов Зеланд
