Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ бил подложен на планиран медицински зафат за корекција на повремени срцеви аритмии, соопшти утрово хрватската влада. Интервенцијата, која била изведена во Клиничкиот болнички центар Загреб, поминала успешно, а премиерот се чувствува добро.
„Премиерот Пленковиќ вчера вечер беше хоспитализиран во Клиниката за кардиоваскуларни болести при КБЦ Загреб, каде што беше подложен на рутински зафат за корекција на срцева аритмија. Интервенцијата беше планирана и изведена во најдобар ред“, соопшти владин портпарол.
Според неофицијални информации, премиерот треба да биде отпуштен од болница во рок од 24 часа. Локалните медиуми пренесуваат дека Пленковиќ бил буден и стабилен кратко по интервенцијата, која започнала околу 19 часот и завршила два и пол часа подоцна.
Тој беше активен и во текот на денот пред операцијата – присуствуваше на свеченоста за завршување на изградбата на гасоводот Злобин-Босилјево. Според лекарите, срцевата аритмија со која се соочува не е опасна, но била потребна интервенција за да се спречат потенцијални компликации.
Ново на Сител
-
Турски пекари месат леб по рецепт од пред 5.000 години
-
МДТ: Владата ги усвои Законот за електронски комуникации и првиот Закон за сајбер безбедност
-
ЕК предложи 280 милиони евра помош за поплавените реони во Австрија, БиХ, Молдавија. Полска, Словачка и Чешка
-
Меџити: Се работи на предлозите за министри, деновиве ќе бидат доставени до Владата
-
Клоп: Јас и моето семејство сме шокирани и уништени по инцидентот со навивачите на Ливерпул
-
Нетанјаху вети дека ќе ги врати сите заложници од Појасот Газа
-
Паметен систем за енергетско управување во четири основни училишта во Скопје
-
Спречен нелегален влез на седум мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка | ФОТО