Спречен нелегален влез на седум мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка | ФОТО
Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на изминатите денови спречиле обиди за нелегален влез на мигранти. При контроли спречени биле и повеќе обиди за криумчарење шамивчиња за потенција, чанти, и паметни часовници.
Од Царинската управа денеска соопштија дека службата за мобилни скенери спречила обиди за нелегален влез на седум мигранти со потекло од земји од Блискиот Исток и Северна Африка.
- Мигрантите се откриени при детална контрола на двe товарни возила со полски регистарски таблички, при влез во државата преку граничниот премин Богородица, каде биле сокриени во товарниот простор наменет за палети. Во првиот камион се пронајдени четири лица, двајца државјани на Сирија, еден државјанин на Египет и еден државјанин на Ирак. Во вториот, биле пронајдени три лица, државјани на Алжир и Палестина. Во двата случаи мигрантите биле предадени на надлежните полициски службеници од граничниот премин за понатамошна постапка, се наведува во соопштението.
Мобилен царински тим во царинската испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на стока пријавена за увозно царинење од испраќач од Дубаи наменета за македонска фирма открила 20 паметни рачни часовници Apple watch ultra и 11 кабелчиња за полначи во вкупна вредност од 680 илјади денари, кои не биле опфатени со царинските документи.
Мобилен царински тим во соработка со полициски службеници од МЕКМ – ОГРМ заплениле 13 кутии со по 50 ќесички влажни шамивчиња за потенција и четири женски чанти со потпис на „Гучи“. Непријавените производи, информираат од Царинската управа, се пронајдени при контрола на автобус кој сообраќал на линијата Турција – Косово.
Царински службеници на граничен премин Јажинце во два случаи спречиле обиди за шверц, при што запленети се дрон MAVIC 2 со три батерии и осум резервни перки со проценета вредност од 72 илјади денари, како и 406 разни текстилни производи.
- При преглед на автобус на влез во државата на граничен премин Деве Баир во два куфери во сопственост на еден од патниците се пронајдени над 75 парчиња брендирана облека којашто не ја пријавил, соопштија од Царина.
На граничен премин Богородица царинските службеници заплениле 8 штеки цигари откако истите ги открија при контрола на товарно моторно возило на влез во државата. Контролата била извршена по пријава од 197, при што во приколката во предниот десен дел на багажот затрупани со стока со која бил товарен се пронајдени непријавените штеки цигари спакувани во ќеса која била излепенa со селотејп.
Во друг случај исто по пријава на 197 на граничен премин Богородица, повикана е Службата за мобилни скенери која извршила скенирање на возилото при што во кабината се пронајдени шест штеки цигари што возачот не ги пријавил.
Ново на Сител
-
Кражба во црквата “Св. Спас” во Сопиште, приведени двајца скопјани
-
САД повеќе не препорачуваат вакцини против Ковид-19 за бремени жени и здрави деца
-
Меџити: Таравари и Ахмети предвиделе се, но не и дека ќе го исфрлиме од ВЛЕН и од Владата
-
Критичарите на Ердоган се сомневаат во неговите намери за нов устав на Турција
-
САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела
-
Најмалку петмина загинати во големата експлозија во хемиска фабрика во источна Кина
-
Oбвинителен акт против десет лица за продажба на кокаин и марихуана
-
Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни