-->
-->
САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела
-->
САД објавија официјално предупредување до своите граѓани да не патуваат во Венецуела, наведувајќи го растечкиот ризик од произволни притворања во земјата, каде што нема оперативна американска амбасада или конзулат.
- Американските граѓани во Венецуела се соочуваат со значителен и растечки ризик од неправедно притворање, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Тие објавија највисоко, четврто ниво на предупредување за патување – „Не патувајте“. Главните ризици вклучуваат тортура за време на притвор, тероризам, киднапирања, произволни дејствија од страна на органите за спроведување на законот, насилен криминал, граѓански немири и сериозни дефицити во здравствената заштита.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство
-
Неготинец пријавил измама од тетовец за работа во странство
-
Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години
-
АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид
-
До недела променливо време со повремен дожд и ветер
-
Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово во сабота без вода
-
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
-
Помалку дипломирани студенти во 2024 година