Македонија
28. March 2026 - 17:13

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас

Македонски Каритас, хуманитарно-добротворна организација на Католичката црква во Македонија, и оваа година го организира традиционалниот Хуманитарен Велигденски саем, во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден.

Саемот ќе се одржи на 29 март 2026 година (недела), со почеток во 11:30 часот, и ќе трае до 14:00 часот.

Целта на настанот е да се поттикне солидарноста и хуманоста во општеството, како и да се обезбеди поддршка за најранливите категории граѓани. Целиот приход од саемот ќе биде наменет за корисниците на Македонски Каритас – сиромашни семејства, стари и осамени лица, лица со попреченост, хронично болни, самохрани родители, како и бегалци и мигранти.

Посетителите ќе имаат можност да купат рачно изработени велигденски украси, свеќи, предмети од глина, како и домашно подготвена храна, изработени со многу труд и љубов од корисниците и волонтерите на организацијата.

Овогодинешната порака на саемот гласи:

„Поврзани со Христа, одејќи заедно.“

Настанот претставува повик до сите граѓани, компании и институции да се вклучат и да дадат свој придонес во градењето на похумано и посолидарно општество.

Ги покануваме сите граѓани да дојдат, да поддржат и да станат дел од оваа хумана иницијатива.

Дојдете. Поддржете. Споделете.

Затоа што секое мало добро дело прави голема разлика.