Хутите го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив
Јеменските бунтовници Хути синоќа го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, поради што привремено се стопирани сите летови, јави јеменската телевизија Ал Масира.
Портпаролот на движењето Ансар Алах, како што се нарекуваат Хутите, Јахја Сари потврди дека за нападот врз аеродромот во Тел Авив употребени се хиперсонични балистички ракети.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Поради нападите на Хутите нарушен е глобалниот транспорт, а компаниите се принудени да бараат подолги и поскапи рути околу јужна Африка.
Јеменските бунтовници на почетокот од месецот соопштија дека ќе продолжат да ги напаѓаат само израелските бродови во Црвено Море.
Ново на Сител
-
Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат
-
Судството да се тргне од канџите на политиката
-
Преглед на вестите од светот
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Teма на денот со Синиша Ивановски, директор на Железници инфраструктура
-
Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата Лав XIV и средба со италијанскиот претседател Mатарела
-
Филипче повторно повикува на лидерската средба и консензус за интеграциите, власта експресно одби