„И-Беј“ казнет со три милиони долари за испраќање пајаци и бубашваби како предупредувачки закани
Компанијата за интернет-трговија, „И-Беј“ (eBay Inc.) ќе треба да плати казна од три милиони долари по обвиненијата за вознемирување од вработени кои испраќале живи пајаци, бубашваби и друга намерно вознемирувачка содржина во домот на брачен пар од Масачусетс (САД), според судските документи објавени вчера.
Одделот за правда го обвини „И-Беј“ и за следење, манипулација на сведоци и попречување на правдата повеќе од три години откако вработените беа кривично гонети во случајот со заплашување кон Дејвид и Ина Штајнер. Седиштето на „И-Беј“ во Калифорнија ја прифати одговорноста за постапките на вработените и склучи договор за одложено гонење што би можело да резултира со отфрлање на обвиненијата против компанијата доколку се во согласност со одредени услови, според Канцеларијата на американското правобранителство во Масачусетс.
Оштетените, всушност, минатото десетлетие издавале свое информативно списание, во облик на блог, каде што ја критикувале компанијата. Дел од вработените во „И-Беј“ потоа се решиле да посегнат по мерката закани кон двојката. Овие пак, потоа го тужеа „И-Беј“ пред Федералниот суд, опишувајќи го тоа однесување како кибернетското следење проследено со вознемирувачки испораки на анонимно испратени пакети, коешто им го нарушило мирот во животот.
Така, „И-Беј“ се вклучил во „апсолутно ужасно, криминално однесување“, како што рече обвинителот Џош Леви. Според извршниот директор на компанијата, Џејми Јаноне, „погрешно и за осуда“ е однесувањето на вработените во „И-Беј“ во 2019 година.
Кривичната казна од три милиони долари беше максималната можна казна според обвиненијата. Одложениот договор за гонење бара независен надзор кон компанијата три години за да обезбеди нејзино усогласување со условите и Федералниот закон.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
-

Британската база на Кипар погодена од ирански дрон
-

Доделување на новинарските награди од конкурсот на тема за загадувањето на воздухот
-

Во Кувајт се урна американски Ф-15, пилотот се катапултираше
-

Без струја дел од корисниците на село Орман
-

Облачно со услови за утринска магла
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
