Македонија
24. April 2020 - 14:22
И денеска повеќе оздравени од новозаболени, еден починат
Продолжува трендот на повеќе оздравени од новорегистрирани случаи со Ковид-19. Според податоците од ИЈЗ со вирусот се избориле 36 лица, од кои само двајца биле на болничко лекување. Изминатото деноноќие од компликации од коронавирус на Инфективна почина 80-годишен пациент од Скопје, само 3 дена бил хоспитализиран на Клиниката.
Новите 26 заразени се откриени со 408 тестирања. Најмногу новозаболени има во Скопје 11, а во Струга 6. Прв случај е потврден и во Виница, со што Ковид-19 е регистриран во 26 општини во Македонија.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти достигна 1.326.
Во моментот само 108 пациенти се на болничко лекување, од нив 13 се во критична состојба и се приклучени на респиратор.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
